19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell продава имот во вредност од 2,2 милијарди долари

Shell продава имот во вредност од 2,2 милијарди долари

shell11

Британско-холандскиот нафтен концерн „Shell“ ги продава своите капацитети за преработка и дистрибуција на нафта и гас во Австралија за 2,2 милијарди долари.

Купувачи се холандската компанија која тргува со нафта „Vitol“ и владиниот инвестициски фонд на Обединетите Арапски Емирати, објави денес австралискиот дневник „The Australian Financial Review“.

„Shell“ веќе подолго време планираше да го продаде својот имот во Австралија, вклучувајќи ги и рафинериите, увозните терминали и 900 бензиски пумпи.

Компанијата „Shell“ во октомври минатата година наведе дека во 2014 година значително ќе ја зголеми продажбата на активата, за да го одржи приливот на готовина.

Аналитичарите констатираа дека поради слабите деловни резултати компанијата мора да спроведе построга контрола на трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП