28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Србија расте милијарда динари дневно

Јавниот долг на Србија расте милијарда динари дневно

srb

За 45 дена јавниот долг на Србија е зголемен за 51 милијарда динари, што според важечкиот среден курс, е износ од 447,8 милиони евра.Моментно изнесува 20,3 милијарди евра, објави Блиц.

Според податоци од Министерството за финансии јавниот долг на Србија во средина на овој месец е 2.354.908.991.039 динари додека на почетокот на годината бил 2.303.010.900.000 динари (една милијарда динари – осум милиони евра).

Бранко Дрчелиќ, директор на Управата за јавен долг вели за весникот дека задолжувањето на Србија е зголемено со емитување повеќе аукции за хартии од вредност, повлекување кредити како и поради примена на курсот.

Недостигот од пари во буџетот мора да се надомести, а во недостиг на други извори, се прави со издавање државни хартии од вредност. Минатиот месец биле организирани четири аукции додека во овој месец се планирани седум.

Во овој период како што објавија од Министерството за финансии на Србија, биле повлечени кредити од Светска банка, ЕИБ, ЕКСИМ Кина и други.

– Долгот расте многу брзо. Можно е тоа да е побрзо од планираното, бидејќи во минатата година буџетските приходи биле пониски од планираните и верувам дека таа тенденција и во оваа година продолжува, вели економистот Љубомир Маџар.

Фискалниот совет претходно укажа дека јавниот долг во следните години најверојатно ќе надмине 70 отсто БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП