28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПромовирана „ЕВН Снабдување“

Промовирана „ЕВН Снабдување“

evn snabduvanje promocija

Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија „ЕВН Групацијата“ ја презентира новата компанија за снабдување „ЕВН Снабдување“, која веќе поседува лиценца за снабдување од Регулаторната комисија за енергетика.

„За промените на пазарот се подготвувавме подолг период и веќе добро ги познаваме компаниите и нивните потреби. Ќе понудиме беспрекорна поддршка и сервис. Нашата понуда е и ќе остане транспарентна, бидејќи тоа е еден од клучните фактори за успех на слободниот пазар. Имаме знаење и ресурси и нудиме фер цена за енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа остануваат и натаму регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика“, изјави Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

Претседателот на Управниот одбор на „ЕВН Македонија“, Вернер Хенгст порача дека со околу 8.000 вработени и 14 милиони корисници во повеќе од 20 земји „ЕВН Групацијата“ има логистика, искуство и знаење на либерализирани пазари.

„Тоа е голема поддршка за новата компанија. Искуството од другите пазари на нашата групација покажуваат дека за успех на слободниот пазар најважни се јасни правила на игра и исполнување на одредени предуслови. Убеден сум дека компаниите ќе ги препознаат овие атрибути на „ЕВН Снабдување““, изјави Хенгст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП