6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ADAM Rocks стапува на сцена

Opel ADAM Rocks стапува на сцена

adam rock

Претставен како концептен автомобил во Женева пред само 12 месеци, „ADAM Rocks“ наиде на одличен прием кај публиката. Па затоа „Opel“ одлучи брзо да ја развие и неговата сериска верзија, која следниот месец, повторно во Женева ќе биде прикажанa на пошироката јавност. Се очекува овој модел на „Opel“ во продажба да се најде веќе во текот на летото.

Најновиот модел во урбаното семејство на „Opel“ е долг 3.74 метри, има електричен „свинг топ“ платнен покрив кој се склопува, како дел од стандардната опрема, препознатлива каросерија и 15mm подигнат под.

adam rock1

Со овој модел компанијата отвора нов пазарен сегмент, урбан мини-кросовер со три врати со должина под 4 метри.

Покрај многуте иновации со кои се подигнува степенот на безбедност и комфор во „ADAM Rocks“, е и неговиот „хендс-фри“ систем за помош при паркирање (Park Assist) кој автоматски го паркира автомобилот. „ADAM Rocks“ исто така го има и мултимедијалниот „IntelliLink“ систем на „Opel“ од новата генерација за интеграција на паметните уреди со „Android“ и „Apple iOS“ системите.

adam rock2

Во него се наоѓа трицилиндарскиот 1.0 „ECOTEC Turbo“ мотор со две конфигурации: 66 kW/90 KS и 85 kW/115 KS. Потрошувачката на гориво изнесува само 4,3 l/100 km, a покрај овој агрегат во понудата ќе се најде и линијата на бензински погонски системи, вклучувајќи ги и актуелните три четирицилиндарски мотори (1,2l со 51 kW/70 KS и 115 Nm, како и двете 1.4-литарски единици со 64 kW/87 KS и 74 kW/100 KS).

По неговата премиера во Женева, „ADAM Rocks“ ќе се најде во продажба во почетокот на летото, кога ќе бидат објавени и неговите цени. Производството ќе започне во август 2014-та во Ајзенхајн, Германија.

adam rock3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП