9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтинуваат меѓуградските разговори во фиксна телефонија преку Македонски телеком

Поевтинуваат меѓуградските разговори во фиксна телефонија преку Македонски телеком

telefondenar1

Цената за разговор на национално и на локално ниво во фиксната телефонија преку Македонски телеком од 1 март се изедначува и ќе изнесува еден денар.

– Повеќе ќе нема национални и локални повици. Се брише границата меѓу повици во еден град или повици од еден кон друг град, како што беше пракса порано. Сега сите стануваат национални односно локални повици со цена од еден денар, информира денеска директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски.

Јавувањето од фиксен телефон на МТ кон мобилен наместо досегашните 9,99 денари од 1 денари ќе изнесува 6,99 денари.

Ордановски истакна дека фокусот кон корисниците останува примарна цел на АЕК и порача оти сите злоупотреби од операторите ќе бидат казнети.

– Со новиот закон за електронски комуникации што е на пленарна седница во Собранието нашите можности ќе бидат поголеми и ќе можеме веднаш да ги корегираме сите неправилни однесувања, рече Орданоски.

АЕК, укажа, лани се соочи со големи девијации на телекомуникацискиот пазар, кај наградните игри и со продажба на активни припјед картички.

– Инспекторските служби ги открија и се покренаа веднаш сите законски постапки, од предупредување до прекршочна постапка. Во тек е судски процес против соодветните оператори и јас им порачувам на операторите да внимаваат како се однесуваат кон своите претплатници затоа што им ветувам дека ќе бидеме максимално ригорозни со цел крајните корисници да бидат задоволни, наведе Орданоски.

На крајот на 2013 година на бесплатниот број за поплаки на АЕК 190 имало 71.000 јавувања и биле поднесени 2024 приговори. Над 900 од доставените приговори биле за мобилни комуникациски услуги, а останатите за фиксни говорни и ТВ содржини.

– За сите 2024 приговори веќе се изработени решенија и голем дел се позитивно решени, информира Владимир Ристески, советник за анализа на пазар во АЕК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП