27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд топлото време на удар житните култури

Од топлото време на удар житните култури

zito11

Есенските посеви се најзагрозени од релативно високите температури што ја зафатија Македонија деновиве, а за овошките и виновата лоза состојбата не е алармантна.

Како што велат агрометеоролозите, ваквото време не е невообичаено за февруари, но ниски температури, и под нулата, допрва се очекуваат. Појава на мраз, пак, е можна до април.

Најголем проблем и натаму останува недостигот на влага во почвата поради сушната зима.

„Житата во вакви услови почнуваат да трошат дел од јаглените хидрати што им служат како резерви за заштита од ниските температури. Ако ги потрошат, отпорноста кон ниските температури ќе падне на многу ниско ниво. Во овој момент нема да има штети, но во наредниот период, при првите многу ниски температури, секако ќе бидат погодени“, изјави Ангелко Ангелески од Упавата за хидрометеоролошки работи.

Според Ангелески, лани, првата декада од февруари беше потопла од оваа. Забележани беа 21,7 степени што сега не е случај. Вакви температури имаше и во 2002, 2004, 2009 година.

За евентуални штети кај овошките и виновата лоза потребно е топлото време, над 20 степени, да потрае барем три недели, најмалку 20 дена. Во таков случај почнува вегетацијата, се активираат соковите и пупките набабруваат за евентуално цветање.

„Убавото време им оди во прилог на земјоделците, ги закроија лозите на терен. Но, останува најголемиот проблем, немањето доволно влага во почвата. До околу 20 сантиметри вода има. Под овие слоеви, на преку 30 сантиметри, земјата е сува, нема никаква влага што ќе се одрази врз овошките, виновата лоза, пролетните култури и есенските посеви“, рече Ангелески.

Проблем, оценуваат агрометеоролзите, ќе биде и наводнувањето зашто акумулациите се празни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП