28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанствениците од Македонија и Бугарија ја поздравуваат заложбата на владите за Коридорот...

Стопанствениците од Македонија и Бугарија ја поздравуваат заложбата на владите за Коридорот 8

avtopat559

Македонско – бугарската стопанска комора (МБСК) ја поддржува решеноста на владите на двете земји за поитно завршување на Коридорот 8 во правец Куманово-Софија.

Пред средбата на премиерите од регионот во Лондон, во организација на ЕБОР, бизнис заедницата и вчера, на регионалниот форум на пограничните власти и компании од Македонија и Бугарија, побара целосна изградба на модерна инфраструктура како услов за интензивирање на економската размена и замената деловна доверба. Тоа, според МБСК, би бил и јасен гест на добрососедска политика која води сметка за интересите на своите граѓани и нивниот економски просперитет.

МБСК, која ги иницирше контактите и прелиминарниот договор меѓу двете државни банки за развој, ги поттикнува финасиерите што побрзо да се вклучат во кредитирањето на овие инвестиции, особено во гаранциите за бугарските и македонските градежни компании кои би биле рефернтни и способни да учествуваат во овој голем инвестициски проект.

Комората воедно оценува дека потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија ќе биде посебен стимул за евроатланскиот пат на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП