1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПорасна профитот на Lafarge

Порасна профитот на Lafarge

lafarge1

Нето профитот на фрaнцускиот производител на цемент „Lafarge“ минатата година порасна, бидејќи побарувачката за производите на оваа компанија се зголеми.

За подобри резултати на „Lafarge“ придонесе и продажбата на активата на компанијата, додека профитот од работењето е намален поради неповолните девизни курсеви, пренесува агенцијата Франс прес.

Благoдарение на продажбата на актива, нето профитот на „Lafarge“ минатата година изнесувал 601 милион евра, што е за 65 проценти повеќе во однос на 365 милиони евра од 2012 година, но под прогнозираниот профит на аналитичарите од 644 милиони евра.

Добивката пред оданочување, камата и депресијација и амортизација (ЕБИТДА) е намалена за девет проценти на 3,1 милијарди евра, додека продажбата е намалена за четири проценти на 15,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП