26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФорд го сели производството во Романија

Форд го сели производството во Романија

ford romanija

Американската компанија Форд ќе пресели дел од производството на моделот Фиеста од Келн во романскиот град Крајова.

На таков потег во Форд се одлучиле со цел да ги намалат трошоците поради големите загуби, регистрирани од сериозниот пад на продажбата во Европа.

Форд минатата година во Европа забележа загуба од 1.6 милијарди долари.

Преместувањето на производството е планирано за 2017-та година и од него ќе бидат погодени околу 1.000 вработени во Келн.

Одлуката за оваа преселба главно се должи поради трошоците за плати, но и трошоците за енергија.

Форд моментално во Крајова го произведува моделот „Б-Макс“ и бензинските мотори „EkoBoost“ од еден и од 1.5 литри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП