20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостанок на институтите за акредитација од ЈИЕ

Состанок на институтите за акредитација од ЈИЕ

akreditacija

– Намалување на трговските бариери на регионално и меѓународно ниво е целта на денешната средба на претставници на институтите за акредитација од Југоисточна Европа.

На годишниот состанок присутни се претставници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија и Косово.

На состанокот, според директорот на Институтот за акредитации на Република Македонија Трпе Ристоски, се разговара за хармонизирање на националното законодавство меѓу земјите од регионот и за можноста прометот на трговијата и услугите да биде без технички бариери.  Македонскиот инситут за акредитација, како што посочи, е во фаза на акредитирање на лаборатории и инспекциски тела.

– Во постапка на акредитација се околу 50 лаборатории од владиниот проект. Преку ваквите состаноци ќе го хармонизираме нашето законодавство во рамки на институот со цел да им го отвориме патот за нивна работа на меѓународно поле, рече Ристоски, додавајќи дека на листата за акредитација се 30-тина медицински лаборатории.

На средбата, како што информира Ристоски, ќе се дискутира и за градежништвото, животната средина и храната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП