29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси милион патници на скопскиот аеродром во 2013-та

Речиси милион патници на скопскиот аеродром во 2013-та

skopjanka-napadnala-policiski-sluzhbenici-na-aerodromot-aleksandar-veliki-118337

Истанбул, Виена, Цирих, Лондон и Малме се петте дестинации каде што во минатата година најмногу патувале македонските граѓани од скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Најголем број патници се превезуваат со „Визер“, потоа следуваат „Туркиш ерлајнс“, „Аустриан ерлајнс“ и „Пегасуз“.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на ТАВ Македонија, на која беше посочено дека лани имало зголемување кај бројот на патници за 20 проценти и достигна бројка од 984.407.

„Од 2010 година бројот на патници е зголемен за 44 проценти. Во последните три години бележиме просечен раст од 10 проценти, а највисокиот просечен раст во Европа е пет отсто“, истакна Алпер Тунгај Ерсој, заменик директор на ТАВ Македонија.

Според генералниот директор Зоран Крстевски, зголемувањето се должи на новите дестинации и политиките на Владата за субвенционирање.

За годинава ТАВ Македонија најави нови директни летови од Скопје до Париз, до Келн, Франкфурт, Брисел и Рим.

„2013 година е успешна не само по бројот на патниците, туку и по безбедноста и сигурноста во авиосообраќајот“, рече Крстевски.

Аеродромот „Александар Велики“, како што објави Крстевски, во 2013 година по вторпат е прогласен за најдобар аеродром во Европа во категорија до 2 милиони патници. Според менаџментот, тоа е потврда дека услугите се меѓу најпрофесионалните. Во оваа категорија во конкуренција биле 250 аеродроми во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП