16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Србија надмина 62 % од БДП

Јавниот долг на Србија надмина 62 % од БДП

srbijajavendolg1

Јавниот долг на Србија е зголемен во јануари 2014 година во однос на крајот на 2013 година за околу 136 милиони евра, на 20,225 милијарди евра.

Тоа е 62,3 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави Министерството за финансии.

Директните обврски на државата на крајот на јануари изнесувале 17,437 милијарди, а индиректните 2,788 милијарди евра.

На крајот на 2013 година јавниот долг на Србија изнесуваше 20,089 милијарди евра, односно 61,2 проценти од БДП.

Јавниот долг на крајот на 2000 година изнесуваше 14,167 милијарди евра, или 69,3 проценти од БДП. Од тогаш најнискиот износ на јавниот долг беше забележан во 2008 година, 8,781 милијарди, односно 29,2 проценти од БДП.

Законот за буџетскиот систем и учеството на јавниот долг во БДП е ограничен на 45 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП