3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: 156 милијарди евра ненаплатливи кредити

Италија: 156 милијарди евра ненаплатливи кредити

italijaitaita548

Обемот на ненаплатливите кредити во Италија го достигна највисокото ниво во последните 15 години, соопшти Банкарската асоцијација на Италија (АБИ).

Нето вредноста на ризичните кредити во последниот минатогодишен месец изнесуваше 156 милијарди евра, односно 8,1 проценти од сите кредити, што е незабележано ниво од мај 1999 година, кога обемот на ризични кредити изнесувал 8,37 проценти, наведува АБИ, пренесува агенцијата АНСА.

Податоците на АБИ за ненаплатливите кредити се во согласност со оние кои минатата недела ги соопшти Банката на Италија. Асоцијацијата исто така наведува дека депозитите во италијанските банки се во пад, веројатно поради ниските каматни стапки кои ги нудат финансиските институции.

Во јануари вкупните депозити биле вредни 1,72 илјади милијарди евра, 1,9 проценти помалку во однос на истиот месец во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП