11 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДокажано: Подобро поминуваат оние кои помалку работат

Докажано: Подобро поминуваат оние кои помалку работат

rabotnici65

Веројатно мислевте дека огромното залагање и напорната работа можат да ви донесат само успех. Меѓутоа, најновото истражување покажува дека претераното работење е штетно не само за здравјето на човекот туку и за неговиот успех.

Освен зголемувањето на физичкиот и психичкиот напор, прекумерната работа ја намалува и ефикасноста во обавувањето на работите.

Прекувремената работа, носењето на работата дома, како и претераното посветување на времето и емоциите на работата значи дека работохолиците немаат време за опоравување.

Напорот кој го вложувате на работа треба да биде придружен со соодветен период за опоравување со цел да се обезбеди оптимално здравје и функционирање.

Тимот на истражувачи на Универзитеот во Падова 15 месеци ја следеше работата на 322 работници на една приватна компанија.

Секој работник пополнил Прашалник за самопроцена со цел да се утврди колку и е посветен на работата, а исто така е извршена и негова психофизичка проценка.

Психофизичката проценка на работохоликот е поврзана со лошата работа и зголемените изостаноци од работа поради болест.

Па така, иако работохоликот работи понапорно и подолго од сите, неговиот учинок е многу помал во однос на работникот кој работата ја обавува без премногу голем напор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП