17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРусал бележи загуби поради Кина

Русал бележи загуби поради Кина

aluminium rusal

Компанијата „Русал“ минатата година го намали пласманот на алуминиум за осум проценти или на 3,85 милиони тони во споредба со 4,17 милиони тони од 2012-та.

Како што беше наведено во извештајот на компанијата чии акции се тргуваат на берзата во Хонг Конг, обемот на производство на алуминиум (преодната фаза од рудата боксит во алуминиум) минатата година достигнал 7,31 милиони тони, два проценти помалку од 2012-та година.

Вкупниот обем на ископан боксит бил 11,87 милиони тони во споредба со 12,36 милиони тони од 2012-та година, што е пад од четири проценти.

Генералниот директор на „Русал“, Олег Дерипаска, изјави дека минатата година една од главните теми била производната дисциплина во областа на алуминиумот. „Русал“ е една од првите која ги реализираше програмите за оптимизација на производните капацитети, што резултираше со намалување на производството на алуминиум за 316.000 тони или осум проценти помалку во однос на 2012-та.

Оваа година, според Дерипаска, компанијата ќе продолжи со намалување на обемот на производство на економски неисплатливите капацитети. Со тоа таа ќе ја поддржи постоечката тенденција на пазарот, затоа што поради кризата е намалена побарувачката, особено во Европа, а од друга страна е зголемено производството во Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП