30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТркалезна маса на телата за акредитација од ЈИЕ

Тркалезна маса на телата за акредитација од ЈИЕ

akreditacija

Институтот за акредитација на Република Македонија во соработка со Германскиот институт за метрологија (ПТБ) денеска во Скопје организира тркалезна маса на телата за акредитација од Југоисточна Европа.

Средбата има за цел да се намалат трговските бариери на регионално ниво, но и пошироко, имајќи ја во предвид улогата на акредитацијата преку примена на соодветни меѓународни стандарди да обезбеди повисок квалитет на производите и услугите.

Тркалезната маса е во рамките на проектот „Промоција на регионалната соработка во Југоисточна Европа на полето на инфраструктурата за квалитет“, а ќе учествуваат и претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП