21 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCoca-Cola планира да заштеди една милијарда

Coca-Cola планира да заштеди една милијарда

Coca-Cola vending machines at the Beijing Olympics

Американскиот гигант за производство на безалкохолни пијалоци „Coca-Cola“ планира до 2016 година за заштеди една милијарда долари поради забавениот раст на продажбата особено во земјите во развој.

Во четвртиот квартал од 2013 година компанијата забележа раст на продажбата од еден процент во вреднот од 11,04 милијарди, што е под очекуваните 11,31 милијарди долари.

Растот на годишната продажба во 2013 година изнесува два проценти.

Во соопштението се додава дека во земјите во развој дошло до забавен раст на потрошувачката. „Coca-Cola“ поради тоа планира да ги намали трошоците за администрација и набавка, но и инвестициите во маркетинг секторот.

Програмата подразбира заштеда на една милијарда долари во наредните две години.

Компанијата веќе започна со програмата за рестуктуирање наречена „Визија 2012“, која има за цел да ја зголеми продуктивноста од една страна, а од друга страна да ги намали трошоците, особено во непрофитабилните проекти.

„Проблемите на „Coca-Cola“ пред се од макроекономска природа поради начинот на управување со компанијата, но и поради постојаниот пад на продажбата на газирани пијалоци со шеќер“, се наведува во соопштението на американскиот гигант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП