3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на инфлацијата во Велика Британија

Пад на инфлацијата во Велика Британија

velikabri1

Инфлацијата во Велика Британија опадна под предвидените два проценти за прв пат од 2009 година, на што најмногу влијаеше падот на цената на мебелот, алокохолните пијалоци и цигарите.

Официјалното соопштение покажува дека цените пораснале за 1,9 проценти од јануари 2013 година до јануари оваа година, додека за 12 месеци, од декември 2012 година до декември 2013 година тие биле зголемени за два проценти.

Во јануари се намалени и цените на производите и услугите за рекреација и стоката за домаќинствата.

Банката на Англија ја задржа референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 проценти, со цел да помогне во закрепнувањето на економијата.

До неодамна таа банка тврдеше дека каматната стапка треба да биде ниска додека не дојде до пад на невработеноста, но нејзиниот гувернер, Марк Карни минатата недела додаде уште неколку критериуми кои ќе се земат во предвид пред евентуалното подигнување на каматната стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП