5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Битола промовирана програма за поддршка на проекти за енергетска ефикасност

Во Битола промовирана програма за поддршка на проекти за енергетска ефикасност

green-energy

– Европската банка за поддршка на развојот-ЕБОР денеска во општина Битола промовираше нова програма за проекти од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија за Западен Балкан, наменета за јавниот сектор и приватниот сектор.

На промоцијата е потврдено дека вкупниот износ на финансиски средства кои се обезбедени од ЕБОР за државите од Западен Балкан изнесува 75 милиони евра, наменети за реализација на мали проекти во приватниот сектор и јавниот сектор, во областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Оваа кредитна линија се пласира преку комерцијални банки со кои ЕБОР има склучено договор, и тоа во досегашниот период склучен е договор со Охридска Банка Сосиете Женерал во Македонија, во износ од 6 милиони евра.

– За оваа кредитна линија може да аплицираат компании во приватна сопственост, трговци поединци или други приватни правни лица формирани според законите во Република Македонија и општини, јавни или приватни компании кои извршуваат општински услуги и се одговорни за реализација на инвестицијата или компании за енергетски услуги кои инвестираат во проекти за енергетска ефикасност во соработка со општини или јавни претпријатија, информираат од локалната самоуправа.

Максималниот износ на кредитите можат да бидат до 2 милиони евра за проекти од приватниот сектор и до 2,5 милиони евра за проекти од јавниот сектор. Во случај да постојат повеќе кредити кон истиот клиент од јавниот сектор за различни проекти, тогаш максималниот износ е 5 милиони евра за поединечен субјект од јавниот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП