6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена невработеноста во Словенија

Зголемена невработеноста во Словенија

nevrabotenilica112

Стапката на невработеност во Словенија во декември изнесуваше 13,5 проценти, што е за 0,5 процентни поени повеќе отколку во ноември, објави Заводот за статистика.

Невработеноста меѓу мажите изнесува 13, а меѓу жените 14,2 проценти, пренесуваат словенечките медиуми.

Невработеноста во декември во однос на претходниот месец се зголемила во речиси сите региони и дејности, а најмногу во градежништвото, каде без работа останале 3,700 лица.

Невработеноста е зголемена и во сите старосни категории, а најмногу меѓу младите од 15 до 24 години, каде скокот изнесувал од 32,4 на 33,8 проценти.

Словенечкиот Завод за вработување соопшти дека во јануари биле пријавени 130,000 невработени лица, што е за 4,7 проценти повеќе отколку на крајот на минатата година и 4,5 проценти повеќе во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП