15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави темпото на раст на БДП на Јапонија

Забави темпото на раст на БДП на Јапонија

japonija14

Економијата на Јапонија во последниот минатогодишен квартал порасна за 0,3 проценти со што целата година беше регистриран раст од 1,6 проценти, покажаа официјалните податоци на јапонската влада.

Растот на БДП во последниот квартал од 2013 година значително беше забавен во однос на очекуваниот раст на економијата во тој квартал од 0,7 проценти, додека целогодишниот економски раст на Јапонија од 1,6 проценти е всушност најдобриот раст на третата најголема светска економија во последните три години, пренесува агенцијата Франс прес.

Јапонската економија во 2012 година порасна за 1,4 проценти, додека во 2011 забележа забавување од 0,5 проценти, бидејќи земјата беше тешко погодена од катастрофалното цунами и земјотресот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП