2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle инвестира над 1 милијарда во зелена енергија

Google инвестира над 1 милијарда во зелена енергија

google energija

„Google“ ќе инвестира над 1 милијарда долари во зелена енергија, во обид да ги намали трошоците за одржување на „Data“ центрите и друга ИТ инфраструктура. При тоа оваа инвестиција не е крај на плановите на компанијата, открива таа самата пред телевизијата „CNBC“.

Само во последниот квартал компанијата потрошила 2,25 милијарди долари за поддршка и развој на инфраструктурата. Голем дел од парите одат за електрична енергија.

„Google“ во моментов е меѓу лидерите во технолошкиот сектор на компании, кои настојуваат за развој на алтернативни извори на енергија.

„Инвестиравме над милијарда долари во 15 проекти кои имаат капацитет да обезбедат два гигавати енергија во светот, претежно во САД“, коментира директорот на одделот за енергија и одржливост на „Google“, Рик Нијдхам.

На крајот на минатата недела во Калифорнија, „Google“ ја активираше и една од најголемите соларни инсталации. Таа користи 347 илјади огледала кои генерираат 392 мегавати струја, кои се доволни за над 140 илјади домаќинства.

И покрај големите напори кои ги вложува, „Google“ се уште е далеку од тоа да е целосно енергосамостална компанија. Досегашните нејзини инвестиции обезбедуваат само 34 % од нејзините потреби за електрична енергија, коментира Нијдхам.

„Нашата цел е да користиме 100% зелена енергија. Има многу предизвици за да го постигнеме тоа, вклучувајќи и мноштвото различни закони и барања во различни места во светот“, додава тој.

„Google“ инвестира и во развој на други типови генерирање на енергија, кои имаат корист од разни природни феномени, ресурси и услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП