2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвеститорите сеуште се заинтересирани за инвестирање во Кина

Инвеститорите сеуште се заинтересирани за инвестирање во Кина

kinasde1

Директните странски инвестиции (ДСИ) во Кина во јануари се зголемија за 16,1 проценти, со најголем прилив на инвестиции од азиските земји и САД, соопшти денес кинеското министерство за трговија.

Вкупната вредност на ДСИ во Кина во јануари достигна 10,8 милијарди долари, додека кинеските инвестиции во странство во истиот месец пораснале за 47,2 проценти на 7,23 милијарди долари, се наведува во соопштението на министерството, пренесува агенцијата Франс прес.

Кинеските инвестиции во Јапонија во јануари беа за пет пати поголеми отколку во истиот месец лани, додека инвестициите во Русија беа речиси за три пати поголеми.

Најголем број на инвестиции во Кина доаѓа од 10 азиски земји и регионот, односно Хонг Конг, Тајван, Јапонија, Тајланд и Сингапур, па така обемот на ДСИ од тие земји во јануари е зголемен за 22,2 проценти на 9,55 милијарди долари, додека американските инвеститори изнестирале 369 милиони долари во Кина, што е за 34,9 проценти повеќе во однос на истиот месец претходната година.

Според оценката на аналитичарите, двоцифрениот раст на инвестициите во јануари покажува дека инвеститорите и понатака веруваат во економските перспективи на Кина.

Од друга страна, инвестициите од Европа во Кина, значително се намалени, и тоа за 41,3 проценти на 482 милиони долари, а и кинеските инвестиции во ЕУ се намалени за 37,8 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП