16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на министерот Спасов со претставници на Стопанска банка АД–Скопје

Средба на министерот Спасов со претставници на Стопанска банка АД–Скопје

dimespasovdimet

– Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска ќе има работна средба со генералниот извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД–Скопје, Диомидис Николетопулос, со генералниот директор за управување со ризици и член на УО, Тони Стојановски и со помошник директорот на Сектор за кадри, Соња Николовска.

Министерот Спасов, како што информираат од неговиот Кабинет, ќе ги запознае претставниците на приватната компанија Стопанска банка АД–Скопје со мерката „Практиканство како прво работно искуство до вработување“ која е дел од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и можноста што оваа мерка ја нуди на приватните компании и на младите невработени лица до 29 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП