Австријците се поделени во одговорите на прашањето за проценка на економската криза, покажува истражувањето на институтот „ИМАС“.
Така, 51 процент од Австријците верува дека најлошиот дел од економската криза е поминат, а 49 проценти сметаат дека кризата сеуште не поминала.
Исто така, 57 проценти од грѓаните не се чувствуваат полошо во споредба со периодот пред една година, а 17 проценти навеле дека минатата година им била полоша од претходната.
Исто така, 41 процент изјавиле дека немаат намера да преземат било какви мерки за штедење, но 56 проценти сепак изјавиле дека имаат намера за таков потег.
На ранг листата за можни начини за штедење на прво место се наоѓа облеката, потоа промената на продавниците при купување на основните намирници, односно насмерување кон поевтините дисконти, како и избегнувањето на посетата на ресторани.