8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-бугарска бизнис средба во Крива Паланка

Македонско-бугарска бизнис средба во Крива Паланка

bugarija makedonija

Бизнисмени и градоначалници од Македонија и Бугарија денеска во Крива Паланка ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на пограничната соработка и заедничките проекти со средства од ЕУ фондовите.

Форумот се одржува на иницијатива на Македонско-бугарската стопанска комора, а на него се очекува присуство на десетина градоначалници меѓу кои од Дупница, Ќустендил, Куманово, Кратово и Ранковце.

Дел од темите за кои ќе се разговара се како да се дојде до средства за итна модернизација на патниот правец Крива Паланка – Ќустендил, можна ли е брза изградба на заеднички пограничен сообраќајно-царински терминал, како до развој на планинскиот и културниот туризам и формирање на конзорциум од компаниите во пограничниот регион со создавање заеднички извозен продукт.

Неодамна во Балгоевград се одржи сличен состанок на кој беше договорено пролетва домаќин на бизнис-експо на овој дел од граничното поврзување да биде Штип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП