20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАKонференција „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот за унапредување на економскиот развој

Kонференција „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот за унапредување на економскиот развој

cefta

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организираат меѓународна конференција на тема „Арбитражата во ЦЕФТА-регионот во насока на унапредување на економскиот развој”.

На конференцијата, како што е најавено, ќе учествуваат претседателите на Арбитражата од Словенија, Хрватска, Србија, Косово, Црна Гора, Бугарија, како и претставник на Германскиот институт за арбитража.

Фокусот ќе биде ставен на состојбата во арбитражното решавање на споровите во земјите од ЦЕФТА-регионот, како и проблемите со кои се соочува секоја од арбитражните институции во овие земји во решавањето на спорови со меѓународен елемент.

Притоа ќе се направи обид за развивање методи за унапредување на арбитражното решавање на спорови со цел да се заштитат интересите на странките во споровите со меѓународен елемент, со што ќе се придонесе за натамошно унапредување на арбитражниот механизам на решавање на спорови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП