8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„За Грција нема помош до есен“

„За Грција нема помош до есен“

grcgrc1

Одлуката за дополнителна финансиска помош за Грција или отпис на договите нема да биде донесена пред крајот на летото, изјави холандскиот министер за финансии Џерон Дајселблум.

Дајселблум кој претседаваше на состанокот на министрите за финансии на еврозоната, изјави дека прашањето за должничкото оптеретување на Грција мора да биде намалено, но сепак прашање е „кој ќе го направи тоа и како ќе го направи“.

Тој изјави дека не е итно да се донесе одлука бидејќи моменталниот пакет помош од 240 милијарди евра е доволен за финансирање до август под услов Грција да ги исполни реформските и фискалните цели.

Со тоа се завршени шпекулациите дека грчките меѓународни кредитори – Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија и Европската централна банка, можат да договорат некаков облик на намалување на долгот пред изборите за Европскиот парламент во мај, за да се зајакнат про-реформските партии во Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП