21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВнимавајте на овие работи кога одите на интервју за работа

Внимавајте на овие работи кога одите на интервју за работа

razgovorrabota23we32

Пред да одите на интервјуто за работа, истражете се за компанијата, нивната политика и филозофија во случај да ви постават прашање поврзано за нивното работење. Исто така, погрижете се на договореното место да бидете барем 15 минути порано…

1. Не одете неподготвени

Пред да одите на интервјуто за работа, истражете се за компанијата, нивната политика и филозофија во случај да ви постават прашање поврзано за нивното работење. Пожелно е да дадете некој позитивен коментар за нивната работа или нешто што ви го привлекло вниманието.

2. Внимавајте како ќе се облечете

Вашата облека, односно тоа како сте се облекле сигурно ќе има голема улога во тоа како ќе ве проценат. Затоа внимателно со гардеробата. Облечете се професионално и уредно. Избегнувајте ги кратките здолништа, длабокото деколте, нападните бои, кратките панталони, како и нападната шминка.

3. Внимавајте да не задоцните

Ова никако не смее да ви се случи. Вие мора на договореното место да бидете 15 минути порано. Однапред испланирајте го превозот, и додадете некоја минута плус во сметањето на времето во случај да се случи нешто непланирано.

4. Не ги критикувајте вашите поранешни колеги

Без оглед на тоа колку вашиот поранешен шеф или некој од колегите бил лош со вас, не смеете да го кажете тоа. Со озборувањето на вашите поранешни соработници оставате лош впечаток на непрофесионална личност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП