4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија одмрзнува 2 милијарди долари од помошта за Украина

Русија одмрзнува 2 милијарди долари од помошта за Украина

putinjanukovic1

Русија оваа недела ќе одмрзне две милијарди долари од пакетот помош за Украина, кој беше замрзнат, минатиот месец кога ескалираа протестите во земјата.

Запрашан за наредната транша од пакетот од 15 милијарди долари, министерот за финансии Антон Силуанов одговори „Оваа недела, две милијарди“.

Русија во декември издвои, за Украина која е погодена од кризата, клучен пакет помош, но во јануари соопшти дека го суспендира, додека не се разјаснат политичките превривања во таа земја.

„Ајде да почекаме додека не се формира новата украинска влада“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, еден ден откако премиерот на Украина и целата негова влада поднесе оставка, во обид да го запрат ширењето на протестите, потесетува агенцијата АФП.

Стотина илјади Украинци протестираат уште од ноември, поради одлуката на претседателот Виктор Јануковиќ да не го потпише договорот со Европската унија и одлуката да се сврти кон зајакнување на односите со Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП