3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche ја стопираше испораката на новиот 911 GT3

Porsche ја стопираше испораката на новиот 911 GT3

Porsche-911-GT3-fire-01

Откако во изминативе неколку недели изгореа дури пет автомобили, „Porsche“ ја стопираше испораката на новиот „911 GT3“ (серија 991).

Обично кога ќе се спомене пожар кај спортски автомобил, прво се помислува на „Ferrari 458 Italia“, но изгледа и германскиот „Porsche“ има сличен проблем со моделот „911 GT3“.

Последниот инцидент се случил пред неколку дена во Швајцарија, кога „911 GT3“ во целост изгорел. Штетата е околу 200.000 швајцарски франци.

Сличен инцидент се случи и една недела претходно во Италија, каде целосно изгорел нов примерок на „911 GT3“ со поминати само 60 километри.

Во „Porsche“ се запознати со овие случувања, а прва мерка која ја превземале е стопирање на испораката на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП