9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолорадо: 5 милиони долари од продажбата на марихуана за само една недела

Колорадо: 5 милиони долари од продажбата на марихуана за само една недела

marihuanakanabis1251251515

Приходите од продажбата на марихуана, која е легална во американската држава Колорадо, надминаа пет милиони долари.

И тоа само една недела откако е отворен пазарот за канабис во таа американска држава.

Една група на трговци со марихуана проценуваат дека околу 100 лица купиле одредена количина на канабис.

„Работиме нон-стоп. Немаме време да здивнеме“, изјави работничката во продавницата за марихуана Елан Нелсон.

И покрај големата побарувачка, употребата на марихуаната сеуште е забранета од страна на американскиот федерален закон. Во Колорадо може да ја набават само лицата постари од 21 година.

Некои критичари од светот на медицината и понатака тврдат дека лесниот пристап на младите до марихуаната е најголемиот ризик за светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП