26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на H&M во јануари зголемена за 15 проценти

Продажбата на H&M во јануари зголемена за 15 проценти

H&Mdadadase

Шведскиот ланец на продавници за облека „H&M“ во јануари забележа раст на продажбата за 15 проценти, што е во согласност со прогнозите објавени во деловниот извештај за четвртиот квартал.

Податокот ја искажува вкупната продажба изразена во шведски круни, со вклучен ДДВ, се наведува во соопштението.

„H&M“ на крајот на јануари поседувал вкупно 3,184 продавници, во однос на 2,808 колку што имаше на крајот на јануари минатата година.

Податоците за продажбата во јануари, изразени во проценти, како и вкупната продажба во првиот фискален квартал заклучно со овој месец, изразени во шведски круни, ќе бидат објавени на средината на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП