19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтрајк на времено вработените во РЕК-Осломеј

Штрајк на времено вработените во РЕК-Осломеј

Oslomej31

Во кругот на РЕК-Осломеј денеска штрајкуваа 288 времено вработени лица во комбинатот преку агенција за времени вработувања.

Тие не се задоволни со примањата бидејќи, како што велат, се многу пониско платени во споредба со оние кои се во редовен работен однос во комбинатот. Бараат трајно да се реши нивната состојба затоа што, според нив, евидентно е дека комбинатот има потреба од работна сила.

Штрајкот денеска започна во 7 часот изутрина и траеше се до 11 часот, но според најавите во наредните денови секој ден траењето на штрајкот ќе се продолжува за уште по еден час.

Раководните структури во комбинатот засега не се изјасниле во врска со ова ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП