2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките потенцијали на Македонија претставени во Бугарија

Туристичките потенцијали на Македонија претставени во Бугарија

makedonijastand1

– Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ги претстави туристичките потенцијали на Република Македонија на саем во Софија, Бугарија, кој се одржа од 13 до 15 февруари.

Македонија минатата година ја посетиле 15,5 проценти повеќе туристи од Бугарија. – Овие извонредни бројки покажуваат дека соработката на Македонија и Бугарија е на доста високо ниво, за што се надеваме дека оваа тенденција на пораст ќе остане и во иднина бидејќи имаме високи очекувања од овој пазар. Бугарија во овој момент е рангирана на петто место по бројот на туристи, веднаш по Турција, Србија, Холандија, рече директорот на Агенцијата, Христијан Џамбазовски.

Според амбасадорот на Република Македонија во Бугарија Благој Ханџиски оваа туристичка берза е одлична можност за сите учесници да ги претстават и рекламираат своите досегашни туристички продукти и своите нови програми, да остварат корисни бизнис контакти.

– Одамна помина времето, кога туристите бараа класичен одмор на нашите езера, планини или мориња, кога се сметаше, дека за нивното привлекување е доволно државата да има само ретки и незаборавни природни убавини. Денес, од туристичкиот производ се бара да предложи целогодишен културен, спа, релаксирачки, еко и хоби туризам. Денес туризмот прерасна во една од најважните економски гранки во сите земји. Од тука, тоа што треба да се прави на владино ниво е обезбедувањето на побрз и посигурен достап до туристичките центри во двете земји. За тоа прашање разговараа и потпишаа соодветен протокол и нашите министри за транспорт, со кој тие проекти се прогласија за проекти од заемен интерес и се договорија за динамиката на нивната изградба, рече Ханџиски.

Најави дека заеднички се работи и на отворање директна авиолинија меѓу двете држави, минатата година се формира Македонско-бугарската трговска комора, која работи за подобрувањето на условите за зголемување на трговската размена. – Сите тие мерки и позитивната атмосфера меѓу двете држави и покрај кризата, секојдневно придонесуваа да постигнеме зголемување на трговската размена. Според минатогодишната анкета на Трговско – индустриската комора на Бугарија, Македонија се најде на 3-то место од списокот за посакуваните дестинации за правење на бизнис и инвестиции, рече амбасадорот Ханџиски.

На саемот за туризам во Бугарија, Република Македонија се претстави во нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали. Саемот за туризам во Бугарија е 7. на кој Агенцијата ја претстави Република Македонија оваа година. Во наредниот период, Македонија ќе биде присутна на саемите за туризам во уште осум држави низ светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП