10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрометот во индустријата лани за 6,9 отсто поголем од 2012 година

Прометот во индустријата лани за 6,9 отсто поголем од 2012 година

inflacija12

Прометот во индустријата во декември 2013 година е за 4,1 отсто помал во однос на претходниот месец, но за 6,6 отсто поголем во однос на декември 2012 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Во 2013 година прометот во индустријата бележи пораст од 6,9 отсто во однос на 2012 година.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2013 година во споредба со истиот месец од претходната година бележи опаѓање од 14 отсто, а прометот остварен на странски пазари има пораст од 19,6 проценти.

Во овој период пораст од 23,8 отсто има во секторот Рударство и вадење на камен, а во секторот Преработувачка индустрија забележан е пораст од 5,7 отсто.

Пораст од 18,5 отсто е забележам кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капиталните производи пораснале за 57, а Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто. Опаѓање се бележи кај Енергија за 96,5 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,4 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП