19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадовите во Полска ефикасно привлекуваат странски инвестиции

Градовите во Полска ефикасно привлекуваат странски инвестиции

polskapoland12455

Полските градови најефикасно привлекуваат странски вложувања во Средна и Источна Европа, а Катовица, Вроцлав и Познањ се единствени од регионот на листата на десет европски градови по успешната стратегија за инвестиции.

Најефикасна стратегија за странските вложувања во европските градови има британскиот Глазгов, додека Катовица е на второ место, Вроцлав е на седмо, а Познањ на десетто, пишува денешното издание на весникот „Пулс бизнесу“, врз основа на ранг листата на ФДИ, тимот на аналитичари на групата „Фајненшл тајмс“ за странски вложувања.

Во ранг листите на европските градови составени по различни критериуми, почнувајќи од стопанскиот потенцијал, преку човечкиот капитал, стратегијата за привлекување на странски вложувања и доброто деловно опкружување, полските градови имаат предност во листата ТОП10 во регионот.

Во категоријата најдобри европски главни градови според ефикасноста на трошоците кога се во прашање странските вложувања, најдобра е Софија, Белград е четврти, Прага е петта, а Варшава десетта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП