Економската состојба на фирмите од трговијата на мало била поповолна во четвртото во однос на третото тримесечје од 2013 година, како и во однос на последниот квартал од 2012, оцениле раководителите на фирмите во анкетата на Државниот завод за статистика.
Според раководителите, финансиската состојба во четвртото тримесечје од 2013 година е поповолна во однос на третото тримесечје од 2013 година, а очекувањата за економската состојба во наредниот период се понеповолни во однос на претходното тримесечје.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на четвртото тримесечје од 2013 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Очекуваните порачки за наредниот период, според нив, а ќе се намали и бројот на вработените во однос на третото тримесечје од 2013 година.
Во четвртиот во однос на третиот квартал забалежале намалување на продажните цени, а навеле и дека очекуваат нивно намалување во наредните три месеци. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на четвртото тримесечје од 2013 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 37,4 проценти, друго со 14,9 проценти, зголемената конкуренција со 12,5 проценти и зголемената понуда на пазарот со 10,5 проценти.