6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Scirocco за 2014-та година

Volkswagen Scirocco за 2014-та година

scirocco

„Volkswagen“ по шест години го освежи својот спортски модел направен врз основа на „Golf“. „Scirocco“ претрпе благ редизајн и доби подобри мотори.

Временскиот период од шест години кај моделите „VW“ вообичаено означува дека дошло време за нова генерација и дека старата верзија заминува во пензија. Но актуелниот „Scirocco“ e исклучок.

Овој автомобил, благодарејќи на редизајнот, ќе добие шанса да се натпреварува во корист на клиентите уште 3-4 години.

scirocco1

Кога веќе не е одлучено да се претстави во целост нов „Scirocco“, „Volkswagen“ стилските промени ги сведе на минимум, при што фокусот беше на предниот и задниот дел на возилото.

Покрај новите би-ксенон фарови и „LED“ дневните светла, редизајнирана е и маската на ладилникот и браникот. Задниот дел на автомобилот исто така има нови светлосни групи, кои вклучуваат и „LED“ стоп светла, редизајниран браник, но и вратата на багажникот.

scirocco2

Слично ниво на редизајн е изеден и врз високоперформансната верзија, моделот „Scirocco R“.

На купувачите ќе им бидат понудени и пет нови бои на каросеријата: „Pure White“, „Flash Red“, „Urano Grey“, „Ultra Violet“ и „Pyramid Gold“, како и редизајнирани алуминиумски бандажи.

Промени присутни се и во ентериерот. „Volkswagen“ моделот „Scirocco“ го опреми со нов волан, редизајнирана централна козола, вклучувајќи ги и вентилациските отвори.

scirocco3

Како посвета на оргиналниот модел „Scirocco“, нa средниот дел на командната табла вграден е и сет на инструменти на кои се покажува притисокот во турбо-полначот и температурата на маслото, а тука е и хронометарот.

Во „Volkswagen“ велат дека го подобриле квалитетот на материјалите во внатрешноста, додека патниците можат да уживаат во звучниот систем „Dynaudio Excite“.

scirocco4

Редизајнираниот „Scirocco“ е опремен и со системот „Park Assist“ за помош при паркирање.

Што се однесува до моторот, „Volkswagen“ се потруди значително да ги унапреди погонските единици во однос на актуелната палета.

Покрај зголемувањето на моќта, подобрена е и економичноста на моторите, така да сега тие трошат и до 19 проценти помалку гориво и ги задоволуваат „Euro 6“ стандардите.

scirocco5

Основниот 1.4-литарски „TSI“ бензинец е подобрен за 3 ks и сега располага со 125 ks (92 kW). Според фабричките податоци, автомобилот просечно троши 5,4 l/100 km и емитува 125 грама „CO2“ по километар.

Сите три 2.0-литарски „TSI“ мотори исто така имаат повеќе „коња“ во однос на постоечките варијанти. Најслабиот меѓу нив сега има 20 ks повеќе и е во состојба да произведе 180 ks (132 kW) со просечна потрошувачка од 6 l/100 km и „CO2“ емисија од 139 g/km.

Следниот поред доби дополнителни 10 ks и развива 220 ks (162 kW), додека најмоќниот дволитарски турбо-бензинец, кој е вграден во „Scirocco R“, има 15 „коња“ повеќе, односно располага со вкупно 280 ks (206 kW). Неговата потрошувачка изнесува 8 l/100 km, a во атмосферата просечно емитува 187 g/km „CO2“.

scirocco6

Послабиот од двата 2.0 „TDI“ дизели е појачан со 10 ks и произведува 150 ks (110 kW), просечно троши 4,1 l/100 km и емитува 107 g/km „CO2“.

Помоќниот сега има дополнителни 7 „коња“, односно вкупно развива 184 ks (135 kW). Oвој мотор има просечна потрошувачка од 4,3 l/100 km, додека неговата емисија на јаглерод-диоксид изнесува 111 g/km.

Сите единици, освен онаа најмоќната која е во „R“ верзијата, стандардно се опремени со стоп-старт системот и системот за регенерација на електричната енергија во акумулаторот. Моторите се поврзани со шестбрзински мануелен менувач, додека како опција во понудата е автоматски „DSG“ менувач со двојно квачило (oсвен кај верзијата 1.4 „TSI“).

„Volkswagen Scirocco“ зa 2014-та ќе има премиера на саемот за автомобили во Женева, а во продажните салони ширум Европа ќе пристигне во половината на август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП