4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетстотини грчки фирми имаат бизнис во Турција

Петстотини грчки фирми имаат бизнис во Турција

turcijaturskalirais

Петстотини грчки фирми имаат бизнис во Турција, грчките инвестиции во соседната земја изнесуваат 6,6 милијарди долари, а трговската размена меѓу двете земји кон крајот на минатата година изнесувала 4,2 милијарди евра, пишува весникот „Етнос“.

Овие податоци се содржани во извештај на трговското претставништво на грчката Амбасада во Анкара, во кој се оценува дека „видлива е натамошна перспектива за проширување на економските односи меѓу двете земји“.

Како важно поле за развој се посочува искористувањето на грчката инфраструктура, а најмногу големите грчки пристаништа од турските извезувачи, со цел нивните производи да можат полесно да стигнат до Европската унија.

Според турското Министерство за финансии 500-те грчки фирми во земјата се ангажирани претежно во банкарскиот сектор, енергетиката, прехранбените производи и друго, а 250 од нив се со седиште во Истанбул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП