4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија го намали јавниот долг

Италија го намали јавниот долг

italijadadr

Јавниот долг на Италија е намален во декември за 35,6 милијарди евра во однос на ноември, па така на крајот на 2013 година тој изнесуваше 2,06 илјади милијарди евра, соопшти Банката на Италија.

До намалување на долгот е дојдено благодарение на големиот буџетски суфицит и намалувањето на потребата за ликвидни средства на државата, соопшти централната банка, пренесува агенцијата АНСА.

Јавниот долг на Италија е втор според големината во еврозоната, зад грчкиот, и е најголемата причина поради која таа држава повремено се наоѓа на мета на шпекулации.

Долгот на официјален Рим во ноември беше зголемен за 18,7 милијарди евра на рекордни 2,1 илјади милијарди евра, додава Банката на Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП