ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловните корисници се почесто избираат АјПад

Деловните корисници се почесто избираат АјПад

iPad-Mini

Неодамнешното истражување покажа дека се поголем број деловни корисници ги избираат таблет уредите на компанијата Епл, како прв апарат за користење.

Најновите податоци, кои се однесуваат на продажбата на овој уред покажуваат дека АјПад забележал 91,4 проценти активација на сите деловни таблет компјутери во текот на четвртиот квартал од минатата година, додека Андроид таблетите опфатиле само 8,6 отсто од сите активации на таблет компјутерите.

Областа во која АјПад бележи најголема популарност е индустријата на финансиските услуги, во која се забележани 46,8 отсто од активациите во истиот квартал, а потоа следат секторите на професионални услуги со 13,9 отсто и производството со 9,4 отсто од активациите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП