КОМПАНИИ

Русите заинтересирани за хрватската нафтена компанија „Ина“

ina-hrvatska

Руски инвеститори се заинтересирани за купување на хрватската нафтена компанија „Ина“ и наскоро доаѓаат во Загреб на состанок со претставници на Владата, објави „Јутарњи лист“.

Според весникот, Русите во Загреб би можеле да дојдат на крајот на февруари и веројатно ќе се сретнат со премиерот Зоран Милановиќ.

Засега не е познато кои руски нафтени компании се заинтересирани за купување, а одлуката за тоа ќе зависи од државната енергетска стратегија кон регионот на Југоисточнна Европа.

Ако влезат во „Ина“, Русите би го купиле уделот на унгарската компанија МОЛ од 49,1 отсто.