4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија мора да го намали заостанувањето во технологијата

Русија мора да го намали заостанувањето во технологијата

rusija1rus1

– Русија мора итно да се определи за нова економска политика, со значителен раст во државните вложувања, доколку сака дополнително да го зголеми стандардот на широките слоеви на населението и да го намали техолошкото заостанување зад најразвиените земји, тврди директорот за економски прогнози на Руската академија на науки, Виктор Ивантер.

Тој смета дека прокламираната владина цел, која предвидува раст на руската економија оваа година од приближно 2,5 отсто, под услови цената на нафтата да остане на сегашното високо ниво, не е во согласност со „објективните потреби на општеството“ и предлага стопанската експанзија значително да се зголеми, пред се со силни инвестиции на државата во различни перспективни инфраструктурни проекти.

Ивантер нагласува дека досегашната фаза на развој на руското стопанство, заснована на либеарално-монетарните принципи, дала одредени позитивни ефекти, но оти повеќе не може да го обезбеди потребното ниво на економска активност и високата стапка на раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП