28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТројката се враќа во Атина по денешната седница на Еврогрупата

Тројката се враќа во Атина по денешната седница на Еврогрупата

atina2

Тројката меѓународни кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ се враќа во Атина по денешната седница на Еврогрупата, јави БТА.

Се очекува денеска министрите за финансии од еврозоната да бидат информирани за текот на исполнувањето на грчката стабилизациска програма.

Извор од еврозоната рече дека враќањето на тројката е неопходен, но не доволен услов за завршување на преговорите со Атина, бидејќи се уште има некои аспекти, кои треба да бидат прецизирани пред исплатата на наредните транши од спасувачкиот пакет за Грција.

Од своја страна еврокомесарот за економски прашања Оли Рен истакна дека официјалните податоци на Евростат за грчката економија ќе бидат на располагање на 23 април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП