4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоврзување на домашните стопанственици со странските инвеститори

Поврзување на домашните стопанственици со странските инвеститори

uspeshnaprezentacija1

Околу 20 странски инвеститори во нашата земја денеска ќе ја презентираат работата пред домашните компании, членки на трите стопански комори во земјата. Целта е да се поврзат домашните стопанственици со странските инвеститори и да се зголемат можности да станат нивни добавувачи.

На бизнис средбата, насловена Бизнис-поврзување на странските инвеститори во Република Македонија со домашните компании кои имаат потенцијал да станат нивни „добавувачи“, како што најавија коморите предвидено е обраќање на претставници на Владата.

По воведните обраќања, странските инвеститори ќе пристапат кон презентирање на нивното работење и истакнување на потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП