4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрза растот во развиените земји

Забрза растот во развиените земји

svetskaekonomija1

Во повеќето развиени земји е забележано забрзување на економскиот раст, додека земјите во развој сеуште бележат добри резултати и покрај големите предизвици.

Композитниот индекс на Организацијата за економски развој и соработка (ОЕЦД) за водечките економски индикатори (ЦЛИ) покажа дека условите за раст и понатака се над вообичаениот тренд во Јапонија, како и дека постои значително подобрување во САД и Британија, пренесува агенцијата Франс прес.

Во рамките на еврозоната, забележано е забрзување на растот во Германија, како и позитивен пресврт во Франција и Италија. Што се однесува на земјите во развој, ОЕЦД наведува дека растот во нив и понатака е во согласност со трендот на раст во Кина, Бразил и Русија.

Земјите во равој во изминатите неколку недели се соочија со пад на довербата на инвеститорите, додека националните валути на Бразил и Русија забележаа голем пад на вредноста поради намалувањето на обемот на странски инвестиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП