19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија не сака хрватски работници

Швајцарија не сака хрватски работници

Switzerland

Владата на Швајцарија одбива да ја потпише спогодбата за слободен пристап на хрватските државјани на швајцарскиот пазар на трудот,иако за тоа претходно веќе беше постигнат договор.

Владата во Загреб е известена дека усогласената спогодба не може да се потпише во оној облик што претходно беше договорен,по референдумот во Швајцарија од 9 фебруари,со кој и се наложува на швајцарската влада да определи квота за прием на имигранти од земјите на ЕУ.

Во пораката до Загреб,Швајцарија најавува дека ќе трага по ново решение,во духот на референдумот,ностојувајќи Хрватска да не се почувствува како дискриминирана земја.

Со минимално мнозинство,Швајцарците минатата недела одлучија да се ограничи пристапот на имигрантите од ЕУ на пазарот на трудот во оваа алпска земја,со што практично се блокира слободното движење на луѓе,иако швајцарската влада има за тоа постигнато спогодба со Брисел.

Владата во Берн,почитувајќи ја волјата на граѓаните на референдумот,сега мора да донесе нови мерки околу пристапот на имигрантите од ЕУ на нејзиниот пазар на трудот,но тие ќе се однесуваат за Хрватска која последна и се приклучи на Унијата,а не и за другите членки.

Брисел остро реагираше на одбивањето на Швајцарија да ја потпише договорената спогодба со Хрватска,обвинувајќи го Берн дека со тоа ја прекршува спогодбата што ја има со ЕУ.

Од таму на владата во Берн и се порачува дека земјата би можела да се соочи со европски контра мерки,што најтешко би ја погодило домашната економија која е силно поврзана со ЕУ.

Швајцарија не е члека на Унијата,но со неа има потпишано спогодба, според која Берн се согласува да ги применува одредбите од низа спогодби на ЕУ,меѓу кои и онаа за слободен пристап на швајцарскиот пазар на работна сила.

Швајцарија има осум милиони жители,а странците чинат 23 отсто од вкупното население.

Во минатата година,во земјата се дојдени 80 илјади имигранти,но невработеноста изнесува само 3,2 отсто,во споредба со просекот на ЕУ од 10,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП