29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеизвесна инвестицијата на „Амазон" во Чешка

Неизвесна инвестицијата на „Амазон” во Чешка

AmazonLog

Локалната самоуправа на чешкиот град Брно, не прифати ниту еден од договорите на најголемата светска интернет продавница „Амазон” за изградба на логистички центар во Чешка, јави дописникот на МИА од Прага.

Со тоа е доведена во прашање една од најголемите инвестиции која беше најавувана во земјата која требаше да овозможи отворање на неколку илјади работни места.

Според достапните информации, клучен проблем бил непостоечки пристап до индустриската зона и ненаоѓање заеднички јазик за негова дополнителна изградба, како и несогласување околу продажбата на градежното земјиште.

Чешкиот претседател Милош Земан ја искритикува одлуката на чешките советници.

– Да отфрлиш инвестиција која ќе донесе 2.000 работни места, земајќи го в предвид и социјалниот аспект на невработеноста, можам да речам, без да се налутат советниците дека таква одлука е глупава, изјави Земан за Чешкото радио.

Министерот за индустрија и трговија Јан Младек изјави дека на најголемата и најстара интернет трговска фирма ќе и понуди друга локација за градење на логистички центар со цел да не замине во друга соседна држава.

„Амазон”, која од интернет книжарница ја прошири дејноста на други производи, музика, играчки, мода пред една година отвори нов дистрибутивен центар во Франција и овозможи вработување на 2.500 работници додека во Германија фирмата постојано вработува 7.700 лица, а уште илјада ангажира повремено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП