6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрафт ги зголеми приходите и профитот

Крафт ги зголеми приходите и профитот

kraft

Една од најголемите светски прехрамбени компании, „Крафт Фудс“ во четвртиот квартал оствари раст на приходите од 3,2 проценти на годишно ниво или 4,6 милијарди долари.

Аналитичарите од „Волстрит“ очекуваа нешто повеќе, 4.63 милијарди долари, пренесуваат медиумите.

Производителот на познатата „Милка“ чоколада во споменатиот периoд заработи 931 милиони долари, што претставува 1.54 долари по акција. Тој резултат е значително поголем од 61 цент по акција, колку што прогнозираа аналитичарите.

Во истиот период од 2012-та година, „Крафт“ оствари добивка од 90 милиони, односно 15 центи по акција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП